Архаизам - категорија

цариградски повеќе

Види и: Цариград (име.)
цариградскиот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со Цариград.

царштина повеќе

мн. царштини
Вид збор: Именка, женски род
данок
Албански: taksë

цванцик повеќе

мн. цванцици
Вид збор: Именка, машки род
Стара австриска пара.
Германски: zwanzig Албански: monedhë e vjetër austriake, cvancig
Примери:
Имаше само неколку цванцика.

цекин повеќе

мн. цекини
Вид збор: Именка, машки род
Златна пара што била некогаш во циркулација во Италија.
Англиски: sequin Албански: temin, monedhë e artë italiane

цело повеќе

мн. цели
Вид збор: Именка, среден род
Стара пара, обично продупчена (служи како украс).
Албански: pare

ценост повеќе

Вид збор: Именка, женски род
вредност, драгоценост
Англиски: value

церење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
лекување
Англиски: healing Албански: mjekim
Примери:
Церење рани.

цери повеќе

церат
Вид збор: Глагол, несвршен
лечи
Англиски: cure Албански: shëroj
(се цери) се лечи
Англиски: cure Албански: shërohet

циклостил повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Направа за умножување на текстови.
Примери:
Материјалите беа отпечатени на циклостил.

црвеник повеќе

(едн.) црвеника
Вид збор: Именка, машки род
Народен назив за месеците јуни и јули.

црвеница повеќе

мн. црвеници
Вид збор: Именка, женски род
болеста црвен ветер
Латински: Erysipelas Англиски: holy fire Албански: zjarr i shenjtë

цутар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Архаично име за третиот месец во годината.
Англиски: march
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш