Архаизам - категорија

фајделив повеќе

фајделиви
Вид збор: Придавка
Кој е корисен.
Англиски: useful Турски: faydalı
Примери:
Фајделива приказна.

фалага повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Справа за тепање по стапалата во старите училишта.
Турски: falaka

фандак повеќе

мн. фандаци
Вид збор: Именка, машки род
Стара турска златна монета.
Англиски: gold coin Турски: fındık altını Албански: monedh e vjetër ari

фандаклија повеќе

Вид збор: Придавка
алтан-фандаклија.

фармак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
отров
Англиски: poison
Примери:
Му ставиле фармак во јадењето.

фела повеќе

фелаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(само во 3 л. едн. и тоа со негацијата не) невела

фелдшер повеќе

Вид збор: Именка, машки род
лекарски помошник

фенерџија повеќе

мн. фенерџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што ги пали и гаси јавните фенери, што држи, носи фенер.
Англиски: night watchman Турски: fenerci

феријалец повеќе

мн. феријалци
Вид збор: Именка, машки род
Член на феријалниот сојуз.
Англиски: vacationer

феријалка повеќе

мн. феријалки
Вид збор: Именка, женски род
За жена феријалец.

ферманлија повеќе

Вид збор: Придавка
Оној кој поседува ферман.
Турски: fermanlı

фикија повеќе

мн. фикии
Вид збор: Именка, женски род
викија

фил повеќе

мн. филови
Вид збор: Именка, машки род
слон
Англиски: elephant Турски: fil Албански: fil, elefant

филада повеќе

мн. филади
Вид збор: Именка, женски род
буквар

филари повеќе

Види и: фирали (само мн.)
филарите
Вид збор: Именка, множина
Вид женски чевли.

филдиш повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Слонова коска.
Англиски: ivory Турски: fil dişi

филиз повеќе

мн. филизи
Вид збор: Именка, машки род
ластар, фидан, фиданка
Англиски: young shoot Турски: filiz Албански: filiz, lastar

филов повеќе

филова
Вид збор: Придавка
од фил, од слон
Англиски: elephantine
Примери:
(разг.) Филови заби да има, па не може нешто да направи.

фиорин повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Златни пари наречени така по италијанскиот град Фиренца.

фирали повеќе

Вид збор: Именка, множина
филари

фишеклак повеќе

мн. фишеклаци
Вид збор: Именка, машки род
Кожена торбичка за чување фишеци, фишеклија.
Англиски: cartridge belt Турски: fişeklik

фонограма повеќе

мн. фонограми
Вид збор: Именка, женски род
Она што е запишано на фонограф.
Англиски: phonogram Албански: fonogram
звучна порака
Англиски: audio message Албански: fonogram

фонограф повеќе

мн. фонографи
Вид збор: Именка, машки род
Апарат што регистрира и репродуцира гласови.
Англиски: phonograph

фортуна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Силна снежна бура, силен дожд и ветер.
Англиски: storm Турски: fırtına

фотос повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Вид на тепелук од месинг.

френгија повеќе

Вид збор: Именка, женски род
сифилис
Англиски: syphilis Турски: frengi

фрч повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Кожени бисаги кои служеле за пренесување на поштата.

фуртуна повеќе

Вид збор: Именка, женски род
фортуна
Англиски: storm Турски: fırtına
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш