Архаизам - категорија

сабар повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
трпение, стрпливост
Англиски: patience Турски: sabır
Примери:
(разг.) Сабар - селамет (трпение - спасение).

сабар повеќе

Вид збор: Придавка
стрплив
Англиски: patient Турски: sabırlı

савак повеќе

мн. саваци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од воденичарскиот јаз каде што се вглавени горните краишта на буката.
Турски: savak

саван повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Платното со кое се покрива или завива мртовец.
Англиски: cover Турски: savan

саватлија повеќе

Вид збор: Придавка
глеѓосан
Англиски: glazed Турски: savatlı

садразам повеќе

мн. садразми
Вид збор: Именка, машки род
голем везир
Англиски: grand vizier Турски: sadrazam

садријазам повеќе

Види и: садразам (м.)
мн. садријазми
Вид збор: Именка, машки род
садразам
Англиски: grand vizier

сажен повеќе

мн. сажни
Вид збор: Именка, машки род
Стара мера за должина - околу два метра.
Англиски: measure

саи повеќе

Вид збор: Прилог
вистина, навистина
Англиски: real Турски: sahi

саиџија повеќе

мн. саиџии
Вид збор: Именка, машки род
гласник, поштар
Англиски: courier Турски: sahici

саја повеќе

мн. саи
Вид збор: Именка, женски род
вид дебела чоја
Турски: saya
Женска облека без ракави.
Турски: saya Албански: saja

сакагија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вид животинска болест.
Англиски: equinia Турски: sakağı

сакаглив повеќе

сакагливи
Вид збор: Придавка
Кој има сакагија.
Примери:
Сакаглив коњ.

саказ повеќе

мн. сакази
Вид збор: Именка, машки род
Смола од мастика.
Англиски: mastix Турски: sakız Албански: çamçakëz

сакалдисува повеќе

(се) сакалдисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се) сакалдиса

сакање повеќе

(едн.) сакањето
Вид збор: Именка, среден род
волја, желба
Англиски: will Албански: dëshirë, vullnet
Примери:
И било сакањето божје - умрела жената.

сакатник повеќе

мн. сакатници
Вид збор: Именка, машки род
сакат човек
Англиски: disabled man
Примери:
(нар. поез.) Ти се молам, младо ти патниче, / подари ме мене сакатника.

сакатница повеќе

Види и: сакатник (м.)
мн. сакатници
Вид збор: Именка, женски род
за жена сакатник
Англиски: disabled woman

сакула повеќе

мн. сакули
Вид збор: Именка, женски род
малечко торбиче
Англиски: sac

сал повеќе

мн. салови
Вид збор: Именка, машки род
Примитивно пловно средство.
Англиски: raft Турски: sal

саланџак повеќе

мн. саланџаци
Вид збор: Именка, машки род
лулашка, нишалка
Англиски: swing Турски: salıncak

салма повеќе

мн. салми
Вид збор: Именка, женски род
Оружје во вид на метална топка на синџир или на ремен.
Англиски: spaked mace

салтамарка повеќе

мн. салтамарки
Вид збор: Именка, женски род
Горен фустан до половината (до појас).
Англиски: top dress Турски: salta

салџија повеќе

мн. салџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што прави или вози салови, сплавови.

самоопределение повеќе

Вид збор: Именка, среден род
самоопределба
Англиски: selfdetermination

санџактар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
бајрактар, знаменосец
Англиски: standard bearer Турски: sancaktar

сарафлак повеќе

сарафлакот
Вид збор: Именка, машки род
Занимање на сараф.
Англиски: moneychanging Турски: sarraflık

сарачница повеќе

Види и: сарач (м.)
мн. сарачници
Вид збор: Именка, женски род
Сарачки дуќан.
Албански: dyqan saraçiu

сараџа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Туберколоза на лимфните жлезди.
Англиски: scrofula
Заразна болест кај коњите, еден вид сакагија.

сараџлив повеќе

сараџливиот
Вид збор: Придавка
Што има, што е со сараџа.

сарикана повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Смеса за депилирање.
Англиски: depilatory Турски: sarı kına

сведение повеќе

мн. сведенија
Вид збор: Именка, среден род
известие, податок
Англиски: information

свеќа повеќе

мн. свеќи
Вид збор: Именка, женски род
Единица за мерење на силата на светината.
Англиски: Candela Албански: kandelë
Примери:
Ламбичка од пет свеќи.

свита повеќе

(едн.) свитата
Вид збор: Именка, женски род
Вид чоја.
Албански: lloj stofi
Примери:
Правел трговија со кафе, со шеќер, со чај, со свита, со басми.

сеѓере повеќе

Вид збор: Прилог
само, секогаш, постојано
Англиски: always

сеиз повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Момок што работи в штала.
Турски: seyis

сеизин повеќе

Види и: сеиз (м.)
мн. сеизини
Вид збор: Именка, машки род
коњушар
Англиски: servant

сеир повеќе

мн. сеири
Вид збор: Именка, машки род
гледање, посматрање
Англиски: watching Турски: seyir
Забавна глетка, нешто што заслужува да се види.
Англиски: enjoyment Турски: seyir

сејмен повеќе

мн. сејмени
Вид збор: Именка, машки род
Жандарм, полицаец во Турската Империја
Англиски: policeman Турски: seğmen

секадешен повеќе

секадешна
Вид збор: Придавка
Кој станува секаде.
Примери:
Секадешно востание.

селамет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
помош, поддршка, спас, успех
Англиски: help Турски: selamet

селамија повеќе

мн. селамии
Вид збор: Именка, женски род
вид свилена ткаенина
Англиски: silk

селамлак повеќе

мн. селамлаци
Вид збор: Именка, машки род
Дел од муслиманска куќа определен за мажи.
Турски: selamlık

семселе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
род, потекло, колено
Англиски: origin Турски: silsile

сенар повеќе

мн. сенари
Вид збор: Именка, машки род
Човек што продава сено.
Албански: shitës bari
Примери:
Сенар и јагленар.

сенет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
писмена потврда; исправа, документ, гаранција
Англиски: document Турски: senet

сенештар повеќе

мн. сенештари
Вид збор: Именка, машки род
Мал трговец што продава сенешто.
Англиски: chandler Албански: shitës gjithëçkae

сеница повеќе

мн. сеници
Вид збор: Именка, женски род
шатор
Англиски: tent Албански: tend

сеничар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Лице што фаќа сеници.
Англиски: fowler

сенокос повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
По народниот календар - месец јуни.
Англиски: April Албански: prill

сепетка повеќе

мн. сепетки
Вид збор: Именка, женски род
кошница, кош, корпа
Англиски: basket Турски: sepet

сепеткар повеќе

мн. сепеткари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што изработува сепетки.
Англиски: basketmaker

серген повеќе

мн. сергени
Вид збор: Именка, машки род
Ѕиден долап, полица.
Англиски: closet Турски: sergen

сердар повеќе

мн. сердари
Вид збор: Именка, машки род
главар, војвода
Англиски: leader Турски: serdar

сердарија повеќе

мн. сердарии
Вид збор: Именка, женски род
Подрачје на еден сердар.

сердарски повеќе

сердарска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на сердар.

сердарство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Чест и достоинство на сердар.

серсем повеќе

Вид збор: Придавка
глупав, тупав
Англиски: stupid Турски: sersem

серсемин повеќе

мн. серсеми
Вид збор: Именка, машки род
глупак, тупак
Англиски: fool

сечко повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Во народниот календар - месец февруари.
Англиски: february

си повеќе

Вид збор: Заменка
сите

силав повеќе

мн. силави
Вид збор: Именка, машки род
оружје
Англиски: weapon Турски: silah Албански: armë
Кожен појас за пари или за оружје.
Англиски: belt Албански: kollan për armë

симиџија повеќе

Види и: симитчија (м.)
мн. симиџии
Вид збор: Именка, машки род
симитчија
Англиски: baker

симсар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
самсар

симсиле повеќе

Вид збор: Именка, среден род
семселе

синамбељ повеќе

Вид збор: Именка, машки род
вид грозје
Англиски: grape Албански: lloj rrushi, grapë
Примери:
(нар. поез.) Да ми набереш два грозда грозје,/ два грозда грозје два синамбеља.

синија повеќе

мн. синии
Вид збор: Именка, женски род
Ниска тркалеста маса за јадење.
Англиски: plate Турски: sini Албански: demirtepsi, sini
тепсија
Англиски: plate Турски: sini Албански: tepsi

синијка повеќе

Види и: синија (ж.)
мн. синијки
Вид збор: Именка, женски род
синија
Англиски: plate

синиче повеќе

Види и: синија (ж.)
мн. синичиња
Вид збор: Именка, среден род
синија

синџав повеќе

мн. синџави
Вид збор: Именка, машки род
пораб

синџирџија повеќе

мн. синџирџии
Вид збор: Именка, машки род
Оној кој прави синџири или кој оковува затвореници.

сиреч повеќе

Вид збор: Модален збор
то ест, имено, заправо
Англиски: namely

сиџил повеќе

мн. сиџили
Вид збор: Именка, машки род
Судски протокол, судски записник.
Турски: sicil

скамија повеќе

мн. скамии
Вид збор: Именка, женски род
Стол, клупа, обично училишна.
Латински: scamillus Англиски: bench

скапен повеќе

Види и: скап (прид.)
скапна
Вид збор: Придавка
скап
Англиски: expensive
Примери:
(нар. поез.) Женам те, синко Стојане, / ова година до друга/ оти е скапна година, / килото жито стотина, / ведрото вино флорина.

скаперник повеќе

мн. скаперници
Вид збор: Именка, машки род
скржавец
Англиски: miser

скареден повеќе

скаредна
Вид збор: Придавка
неподобен, непристоен
Англиски: uncomfortable
Примери:
Скаредно живеење.

скаредно повеќе

Вид збор: Прилог
неподобно
Англиски: uncomfortable

скаредност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
неподобност
Англиски: uncomfortableness

скемле повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скемлија
Англиски: bench Турски: iskemle

скемлија повеќе

мн. скемлии
Вид збор: Именка, женски род
стол, клупа
Англиски: bench Турски: iskemle

скемличе повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скемле

скепар повеќе

мн. скепари
Вид збор: Именка, машки род
секира, тесла
Англиски: adze

склав повеќе

мн. склавје
Вид збор: Именка, машки род
роб, заробеник
Англиски: slave

скончание повеќе

Вид збор: Именка, среден род
крај
Англиски: finish

скончи повеќе

скончат
Вид збор: Глагол, свршен
Сврши, обично, со животот.
Англиски: finish off
Примери:
Скончи со животот.

скончило повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Крај, свршувачка, свршок; крај на животот.
Англиски: finish
Примери:
скончилото на светот

скорб повеќе

Види и: скрб (ж.)
Вид збор: Именка, женски род
Душевна болка.
Англиски: mourning

скорби повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
тагува
Англиски: mourn

скорен повеќе

Види и: меѓусебно (прил.)
мн. скорни
Вид збор: Именка, машки род
(обично мн.) скорни - чизми
Англиски: boot

славјанизира повеќе

Види и: словенизира (св. и несв.)
(се) славјанизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се) словенизира

слободија повеќе

мн. слободии
Вид збор: Именка, женски род
слобода
Англиски: freedom Албански: liri
Примери:
Се бореле за политичка слободија.

словар повеќе

мн. словари
Вид збор: Именка, машки род
буквар
Англиски: reader

словесен повеќе

словесна
Вид збор: Придавка
Изразен со зборови.
Англиски: expressed

словесност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
уметничка литература и усно народно творештво

слово повеќе

мн. слова
Вид збор: Именка, среден род
збор
Англиски: word Албански: fjalë
Примери:
(разг.) чесно слово

слуга повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Вршење црковен обред, служба.
Англиски: service Албански: shërbim
Примери:
Слуга служи.

служанка повеќе

Види и: слугинка (ж.)
мн. служанки
Вид збор: Именка, женски род
слугинка
Англиски: servant
Примери:
Интелигенцијата да биде вистинска служанка на народот.

сметалка повеќе

мн. сметалки
Вид збор: Именка, женски род
Направа од која се учи сметање во првите одделенија.
Англиски: abacus

смирение повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
мир
Англиски: peace

снежник повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Друго име за месецот декември.
Англиски: December

снисходителен повеќе

Види и: снисходлив (прид.)
снисходителна
Вид збор: Придавка
снисходлив
Англиски: lenient

снисходително повеќе

Вид збор: Прилог
снисходливо
Англиски: lenient

снисходителност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
снисходливост

сновидение повеќе

мн. сновиденија
Вид збор: Именка, среден род
Она што се видува за време на сон.

собитие повеќе

мн. собитија
Вид збор: Именка, среден род
важна случка
Англиски: event

собрание повеќе

мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
збирка
Англиски: collection Албански: koleksion

совмесно повеќе

Вид збор: Прилог
совместен
Примери:
Дејствуваа совмесно.

совместен повеќе

совмесна
Вид збор: Придавка
Кој се остварува заедно со некој друг.
Англиски: joint
Примери:
Совмесна работа.

согласие повеќе

Вид збор: Именка, среден род
согласност
Англиски: agreement

содржание повеќе

мн. содржанија
Вид збор: Именка, среден род
содржина
Англиски: content

соединение повеќе

мн. соединенија
Вид збор: Именка, среден род
соединување
Англиски: unification Албански: unifikim

сожалителен повеќе

Види и: сожалив (прид.)
сожалителна
Вид збор: Придавка
сожалив

сожителство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
заедничко живеење
Англиски: togetherness

созба повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Неповратен заем од пари кој сопственикот на чифликот го давал на чивчиите.
Англиски: verbal contract Турски: sözbağı Албански: marrëveshje gojore

создание повеќе

мн. созданија
Вид збор: Именка, среден род
Тоа што е создадено од некого, творба.
Англиски: creation Албански: krijim
Живо суштество; човек, животно.
Англиски: being Албански: qenje

созерцание повеќе

Вид збор: Именка, среден род
длабоко размислување
Англиски: contemplation

созива повеќе

созиваат
Вид збор: Глагол, несвршен
свикува
Англиски: invite

созивање повеќе

Вид збор: Именка, среден род
свикување
Англиски: convocation

сознание повеќе

мн. сознанија
Вид збор: Именка, среден род
свест
Англиски: consciousness Албански: njohuri
Примери:
Политичко сознание.

сознателен повеќе

сознателна
Вид збор: Придавка
свесен
Англиски: conscious
Примери:
Сознателно движење.

созове повеќе

созоват
Вид збор: Глагол, свршен
свика
Англиски: convene

сојтарија повеќе

мн. сојтарии
Вид збор: Именка, машки род
крадец, џепчија
Англиски: looter

сокровишница повеќе

сокровишницата
Вид збор: Именка, женски род
Место каде што се чуваат скапоцености.
Англиски: hideaway Албански: vend fshehjeje, thesar
Примери:
Влезе во својата сокровишница.
Целокупност на некои културни, духовни скапоцености.
Албански: thesar
Примери:
Црпи од сокровишницата на светската култура.

сокровиште повеќе

мн. сокровишта
Вид збор: Именка, среден род
драгоцености, пари
Англиски: treasure Албански: thesar
духовни, културни богатства
Албански: pasuri shpirtërore, kulturore

солдат повеќе

Види и: солдатин (м.)
мн. солдати
Вид збор: Именка, машки род
војник, војска
Англиски: soldier Германски: Soldat
Примери:
Го зедоа солдат.

солдатски повеќе

солдатска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на солдат.

соотечественик повеќе

мн. соотечественици
Вид збор: Именка, машки род
сонародник
Англиски: compatriot

соотечественица повеќе

мн. соотечественици
Вид збор: Именка, женски род
За жена соотечественик.

сопа повеќе

мн. сопи
Вид збор: Именка, женски род
стап
Англиски: stick Турски: sopa
Примери:
Трчал со сопата в рака.

состојание повеќе

мн. состојанија
Вид збор: Именка, среден род
состојба
Англиски: condition

сотворение повеќе

Вид збор: Именка, среден род
создавање
Англиски: creation

сотвори повеќе

(се) сотворат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) создаде
Англиски: create

софта повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Муслимански религиозен проповедник и учител.
Англиски: preacher Турски: softa

софтински повеќе

Вид збор: Придавка
Кој се однесува на софта.
Примери:
Софтински алишта.

спенџа повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Данок кој се плаќал на Турците.
Турски: sipenc Албански: lloj tatimi i lashtë

спицарија повеќе

мн. спицарии
Вид збор: Именка, женски род
аптека
Англиски: pharmacy

сподоби повеќе

сподобат
Вид збор: Глагол, свршен
Се случи, има среќа.
Англиски: chance
Примери:
Да те сподоби да станеш царев зет.

споразумение повеќе

мн. споразуменија
Вид збор: Именка, среден род
спогодба
Англиски: agreement

сравнителен повеќе

сравнителна
Вид збор: Придавка
споредбен, поредбен
Англиски: comparative

сребреник повеќе

мн. сребреници
Вид збор: Именка, машки род
Сребрена пара.
Англиски: silver coin
Примери:
Го продаде за триесет сребреници.

срт повеќе

мн. сртови
Вид збор: Именка, машки род
'рбет
Англиски: spine Турски: sırt Албански: kurriz
Контура на планината, горен дел од рид и сл.
Англиски: crest Албански: kresht

стамболка повеќе

мн. стамболки
Вид збор: Именка, женски род
жителка на Стамбол

стареа повеќе

Вид збор: Именка, машки род
старешина
Англиски: chieftain

стерна повеќе

мн. стерни
Вид збор: Именка, женски род
цистерна
Англиски: cistern

стигне повеќе

стигнат
Вид збор: Глагол, свршен
Добие дете.
Англиски: bear Албански: lind

стодрамник повеќе

мн. стодрамници
Вид збор: Именка, машки род
Сад што собира сто драма.

стојност повеќе

Вид збор: Именка, женски род
вредност
Англиски: value

стол повеќе

мн. столови
Вид збор: Именка, машки род
престол
Англиски: throne Албански: fron

сторение повеќе

Види и: сторенија (ж.)
мн. сторенија
Вид збор: Именка, среден род
сторенија
Англиски: event

сторенија повеќе

мн. сторении
Вид збор: Именка, женски род
настан, случување
Англиски: event

страхопочитание повеќе

Види и: страхопочит (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
страхопочит
Англиски: respect

струка повеќе

струката
Вид збор: Именка, женски род
Едно платно од козина, волна и сл.
Албански: pëlhurë leshi

студен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Друго име за месецот ноември.
Англиски: November

субаша повеќе

мн. субаши
Вид збор: Именка, машки род
Полициски началник во стара Турција.
Англиски: police chief Турски: subaşı

субашија повеќе

Види и: субаша (м.)
мн. субашии
Вид збор: Именка, машки род
субаша
Турски: subaşı

субашица повеќе

мн. субашици
Вид збор: Именка, женски род
жена на субаша

суварија повеќе

мн. суварии
Вид збор: Именка, машки род
Жандарм на коњ.
Англиски: horseman

суграда повеќе

Вид збор: Именка, женски род
градеж, зграда
Англиски: building
Примери:
Од секоја царска суграда излегуваше човек.

сугради повеќе

суградат
Вид збор: Глагол, свршен
гради, изградува
Англиски: build
Примери:
Да суградиш шарена гемија.

суднак повеќе

мн. суднаци
Вид збор: Именка, машки род
судија
Англиски: judge
Примери:
(посл.) Суднакот кога суди по правина и господ се радува.

судник повеќе

Види и: судија (м.)
мн. судници
Вид збор: Именка, машки род
судија
Англиски: judge

сузеде повеќе

(се) суздедат
Вид збор: Глагол, свршен
Стапи во брак, се венча.
Англиски: marry
Примери:
(нар. поез.) Двајцата млади се сузедоа.

сулица повеќе

Вид збор: Именка, женски род
Вид копје.
Англиски: spear

султанат повеќе

мн. султанати
Вид збор: Именка, машки род
Честа и достоинството на султанот.
Албански: sulltanat

сулумен повеќе

Вид збор: Именка, машки род
Силен живин отров.
Англиски: poison Турски: sülümen

сулфато повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
кинин
Англиски: quinine

сургун повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
прогонство, заробеништво
Англиски: banishment Турски: sürgün

сургуниса повеќе

Види и: сургун (м.)
сургунисаат
Вид збор: Глагол, свршен
прогони, протера, зароби
Англиски: banish Турски: sürgün

сургунисува повеќе

Види и: сургуниса (св.)
сургунисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
сургуниса
Англиски: banish Турски: sürgün

сурма повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Козметичко средство, боја во прав за бојосување на трепките е под трепките од антимон и маст.
Англиски: mascara Турски: sürme

сус повеќе

Вид збор: Извик
За упатување груб прекор, закана, строг повик за покорност, послушност.
Англиски: silence Турски: sus

суста повеќе

мн. сусти
Вид збор: Именка, женски род
Копче од два дела коишто се поврзуваат со притискање.
Англиски: snap fastener

сходен повеќе

сходна
Вид збор: Придавка
сличен
Англиски: similar
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш