Архаизам - категорија

да повеќе

Вид збор: Сврзник
Во реченици кога второто дејство произлегува од првото (па, та).
Англиски: and

даванија повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Задолжителни давачки, данок.
Англиски: tax Албански: harxhime, tatim

даванина повеќе

Види и: даванија (ж.)
мн. даванини
Вид збор: Именка, женски род
даванија

давија повеќе

мн. давии
Вид збор: Именка, женски род
тужба, жалба, парница
Англиски: lawsuit Турски: dava Албански: ankesë
кавга, тепачка
Англиски: brawl Албански: grindje

далекум повеќе

Вид збор: Прилог
далеку

далјан повеќе

мн. далјани
Вид збор: Именка, машки род
Вид долга пушка.
Англиски: rifle Албански: pushkë

дамар повеќе

мн. дамари
Вид збор: Именка, машки род
крвен сад
Англиски: blood vessel Турски: damar Албански: enë gjaku

дамка повеќе

мн. дамки
Вид збор: Именка, женски род
Печат, белег, жиг, знак за нешто.
Англиски: mark Албански: vulë

дарба повеќе

мн. дарби
Вид збор: Именка, женски род
дар, подарок
Англиски: gift Албански: dhuratë

дарбалија повеќе

дарбалии
Вид збор: Придавка
(немен. по род) Што има дарба.
Англиски: talented

дарина повеќе

мн. дарини
Вид збор: Именка, женски род
Голема бела крпа извезена по аглите.

даскал повеќе

мн. даскали
Вид збор: Именка, машки род
учител
Англиски: teacher

даскалак повеќе

Види и: даскал (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
учителство, учителствување
Англиски: teaching

даскалува повеќе

Види и: даскал (м.)
даскалуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како даскал, учителствува.
Англиски: teach

дваж повеќе

Вид збор: Прилог
двапати, двојно
Англиски: twice

дваш повеќе

Вид збор: Прилог
дваж
Англиски: twice

двер повеќе

мн. двери
Вид збор: Именка, машки род
врата
Англиски: door Албански: derë

двестедрамник повеќе

мн. двестедрамници
Вид збор: Именка, машки род
Шишенце што собира двесте драма течност, обично ракија.

двоколка повеќе

мн. двоколки
Вид збор: Именка, женски род
Запрежна кола, кочија на две колца, на две тркала.

декика повеќе

мн. декики
Вид збор: Именка, женски род
минута, час, миг, момент
Англиски: moment Турски: dakika

делми повеќе

Вид збор: Сврзник
штом, нели
Англиски: since Турски: değil mi

дервенџија повеќе

мн. дервенџии
Вид збор: Именка, машки род
Чувар на дервен, на клисура.

дермен повеќе

мн. дермени
Вид збор: Именка, машки род
воденица, мелница
Англиски: mill Турски: değirmen

дерменџија повеќе

мн. дерменџии
Вид збор: Именка, машки род
воденичар, мелничар
Англиски: miller Турски: değirmenci

дефилада повеќе

(едн.) дефиладата
Вид збор: Именка, женски род
Криење на воените трупи од противничката енфилада.
Англиски: defilade

дивит повеќе

мн. дивити
Вид збор: Именка, машки род
Мастилница од сребро или од друг метал.
Англиски: inkwell

дијанија повеќе

мн. дијании
Вид збор: Именка, женски род
суштество
Англиски: being

дикат повеќе

Вид збор: Именка, машки род
внимание
Англиски: attention Турски: dikkat

диктафон повеќе

мн. диктафони
Вид збор: Именка, машки род
Апарат за снимање и репродуцирање усни пораки.

дилбер повеќе

мн. дилбери
Вид збор: Именка, машки род
љубовник, саканик, миленик, либе
Англиски: darling Турски: dilber

дилми повеќе

Вид збор: Сврзник
штом, кога, бидејќи, нели
Англиски: since Турски: değil mi

дин повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Вера (обично муслиманска).
Англиски: belief Турски: din

дипленица повеќе

мн. дипленици
Вид збор: Именка, женски род
Само во изразот - сабја дипленица.

довлет повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
среќа, благосостојба, богатство
Англиски: prosperity Албански: fat, lumturi
држава, царство
Англиски: state Турски: devlet Албански: shtet, perandori

доволен повеќе

доволни
Вид збор: Придавка
Исполнет со задоволство.
Англиски: satisfactory

доган повеќе

мн. догани
Вид збор: Именка, машки род
сокол
Англиски: falcon Турски: doğan

доганџија повеќе

мн. доганџии
Вид збор: Именка, машки род
соколар
Англиски: falconer Турски: doğancı

дограма повеќе

(едн.) дограмата
Вид збор: Именка, женски род
Градежна дрвенарија (прозорци, врати).
Англиски: carpentry Турски: doğrama

дограмаџија повеќе

мн. дограмаџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што изработува предмети од дрво.
Англиски: carpenter Турски: doğramacı

дограмаџилак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
столарски занает
Англиски: carpentry Турски: doğramacılık

доживоти повеќе

Вид збор: Прилог
До крајот на животот.

доизврви повеќе

Види и: изврви (св.)
доизврват
Вид збор: Глагол, свршен
Помине нешто (место, пат) до крај.

долап повеќе

мн. долапи
Вид збор: Именка, машки род
Ламаринен сад за печење кафе.
Албански: enë për pjekje e kafe

долдурма повеќе

мн. долдурми
Вид збор: Именка, женски род
сладолед
Англиски: ice-cream Турски: dondurma Албански: akullore

дољум повеќе

мн. дољуми
Вид збор: Именка, машки род
Земјишна мера - 920 м2.
Турски: dönüm

дондурма повеќе

Вид збор: Именка, женски род
долдурма

достлак повеќе

(едн.) достлакот
Вид збор: Именка, машки род
пријателство, љубезност
Англиски: friendship Турски: dostluk

достур повеќе

Вид збор: Прилог
доволно, многу
Англиски: sufficiently
Примери:
Работи достур.

драгоман повеќе

мн. драгомани
Вид збор: Именка, машки род
официјален толкувач, преведувач
Англиски: dragoman, interpreter Албански: përkthyes, interpretues
Водач, предводник на група жетвари или работници.
Англиски: foreman Албански: kryepunëtor

драгон повеќе

мн. драгони
Вид збор: Именка, машки род
Војник во лесна коњица.
Англиски: cavalryman

драм повеќе

мн. драмови
Вид збор: Именка, машки род
Мера за тежина (3,207г).
Турски: dirhem Албански: dram, pjesë e okës

драмлија повеќе

мн. драмлии
Вид збор: Именка, женски род
Вид сачма што се употребува за лов.

драмџија повеќе

мн. драмџии
Вид збор: Именка, машки род
скржавец, циција

другарство повеќе

мн. другарства
Вид збор: Именка, среден род
друштво, организација
Албански: shoqëri, organizatë

дружба повеќе

мн. дружби
Вид збор: Именка, женски род
Пријателски однос, другарство, дружење.
Англиски: friendship Албански: miqësi
дружина
Англиски: band Албански: klikë, bandë

дубла повеќе

мн. дубли
Вид збор: Именка, женски род
Вид турска златна пара во вредност од две златни лири, се употребува и како украсен предмет.
Англиски: doubloon

дувак повеќе

мн. дуваци
Вид збор: Именка, машки род
невестински превез
Англиски: veil Турски: duvak

дувар повеќе

Види и: ѕид (м.)
мн. дувари
Вид збор: Именка, машки род
ѕид
Англиски: wall Турски: duvar

дуварџија повеќе

мн. дуварџии
Вид збор: Именка, машки род
ѕидар
Англиски: mason Турски: duvarcı

дуздиса повеќе

дуздисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Среди, уреди, дотера нешто.
Англиски: tidy up Турски: düzenlemek Албански: rregullon, ndreq

дузен повеќе

мн. дузени
Вид збор: Именка, машки род
Она што служи за дотерување, украсување; накит, козметички средства и сл.
Англиски: decoration Турски: düzen

дујмен повеќе

мн. дујмени
Вид збор: Именка, машки род
Заден дел од пловен објект.
Англиски: steering Турски: dümen

дујменџија повеќе

мн. дујменџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што управува со дујмен.
Англиски: helmsman Турски: dümenci

дукат повеќе

мн. дукати
Вид збор: Именка, машки род
Златник, златна пара (се употребувала и како женски накит).
Англиски: ducat
Примери:
Ти праќам еден дукат од суво злато.

дулбија повеќе

Види и: дуљбија (ж.)
мн. дулбии
Вид збор: Именка, женски род
дуљбија
Англиски: binoculars, spyglass

дулѓер повеќе

Види и: дунѓерин (м.)
мн. дулѓери
Вид збор: Именка, машки род
дунѓерин

дулеџија повеќе

Види и: дулија (ж.)
мн. дулеџии
Вид збор: Именка, машки род
Лице што собирало давачка на дулијата.

дулија повеќе

мн. дулии
Вид збор: Именка, женски род
Наплатна станица на која се наплаќала одредена такса за сѐ што се носи во градот.

дуљбија повеќе

мн. дуљбии
Вид збор: Именка, женски род
дурбин
Англиски: binoculars, spyglass

думани повеќе

думанат
Вид збор: Глагол, несвршен
Крева прав.
Англиски: dust Турски: duman Албански: ngre pluhur

думани повеќе

Вид збор: Именка, множина
Панталони од дебела и груба волнена ткаенина со широки ногавици.
Англиски: trousers

дундар повеќе

мн. дундари
Вид збор: Именка, машки род
Заштитница во војска, војник во позадина.
Англиски: reserve Турски: dümdar

дунѓер повеќе

Види и: дунѓерин (м.)
мн. дунѓери
Вид збор: Именка, машки род
дунѓерин

дунѓерин повеќе

мн. дунѓери
Вид збор: Именка, машки род
дрводелец
Англиски: wood carver

дунѓерисува повеќе

дунѓерисуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Работи како дунѓерин.

дунѓерлак повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
дрводелство
Англиски: wood carving

дунум повеќе

Види и: дољум (м.)
мн. дунуми
Вид збор: Именка, машки род
дољум
Турски: dölüm

дуња повеќе

мн. дуњи
Вид збор: Именка, женски род
(само едн.) земја, свет, народ
Англиски: world Турски: dünya Албански: dynja, botë

душогрижник повеќе

мн. душогрижници
Вид збор: Именка, машки род
свештеник, поп
Англиски: pastor Албански: prift
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - љ - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш