Анатомија - категорија

јаболко повеќе

мн. јаболка
Вид збор: Именка, среден род
Поиздадена 'рскавица од гркланот на предниот дел од вратот кај маж.
Англиски: Adam's apple Албански: Arrëz fyti
Поиздаден дел од лицето, под очите.
Англиски: cheekbone Албански: mollëz

јаболкце повеќе

мн. јаболкца
Вид збор: Именка, среден род
јаболчица
Англиски: cheekbone Албански: mollëz
Врвовите на прстите на рацете.
Англиски: fingertip Албански: majë gishti
Адамово јаболко.
Англиски: Adam's apple Албански: Arrëz fyti

јаболчица повеќе

мн. јаболчици
Вид збор: Именка, женски род
Поиздаден дел од лицето, под очите.
Англиски: cheekbone Албански: mollëz

јагода повеќе

мн. јагоди
Вид збор: Именка, женски род
(обично мн.) Испакнат дел од лицето под очите, на горниот дел од образот.
Англиски: cheekbone Албански: mollëz
(обично во мн.) Заоблениот дел на прстите од внатрешната страна, врвот на прстите.
Англиски: fingertip Албански: majë e gishtit

јазик повеќе

мн. јазици
Вид збор: Именка, машки род
Подвижен мускулест орган во усната празнина кај човекот и кај животните, орган за вкусот што го помага земањето храна, а кај човекот учествува и во образувањето на гласовите во говорот.
Англиски: tongue Српски: језик Албански: gjuhë Бугарски: език

јазичен повеќе

Види и: јазик (м.)
јазичниот
Вид збор: Придавка
Што е во врска со јазикот како орган.

јазол повеќе

мн. јазли
Вид збор: Именка, машки род
Задебелување на некој орган формирано од натрупување на одреден тип клетки.
Англиски: node Албански: nyjë

јајник повеќе

Види и: јајчник (м.)
мн. јајници
Вид збор: Именка, машки род
јајчник
Англиски: ovary Албански: vezore

јајце повеќе

мн. јајца
Вид збор: Именка, среден род
Женска полова клетка, од која по оплодувањето се развива нов организам.
Англиски: ovum Албански: vezë
тестис
Англиски: testicle Албански: koqe

јајцевод повеќе

мн. јајцеводи
Вид збор: Именка, машки род
Дел од женските полови органи, канал низ кој минува јајце-клетката од јајчниците до матката.
Англиски: Fallopian tube Албански: vepërçues

јајчник повеќе

мн. јајчници
Вид збор: Именка, машки род
Женска парна полова жлезда во која се создаваат и созреваат јајце-клетките.
Англиски: ovary Албански: vezore
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш