Анатомија - категорија

панкреас повеќе

мн. панкреаси
Вид збор: Именка, машки род
поджелудочна жлезда
Латински: pancreas Англиски: pancreas Албански: pankreas

папок повеќе

мн. папоци
Вид збор: Именка, машки род
Вдлабнатина во средишниот дел на мевот што се јавува како последица на прекинување на папочната врвца.
Англиски: navel Албански: kërthizë
Примери:
Гол до папок.

папоче повеќе

Види и: папок (м.)
папочето
Вид збор: Именка, среден род
папок
Англиски: navel Албански: kërthizë

папочница повеќе

Види и: папочен (прид.)
мн. папочници
Вид збор: Именка, женски род
Папочна врвца.
Англиски: umbilical cord Албански: fije kërthize

папук повеќе

мн. папуци
Вид збор: Именка, машки род
папок
Англиски: navel Албански: kërthizë

папуче повеќе

папучето
Вид збор: Именка, среден род
папук
Англиски: navel Албански: kërthizë

папче повеќе

Вид збор: Именка, среден род
папок
Англиски: navel Албански: kërthizë

папчина повеќе

Види и: папок (м.)
Вид збор: Именка, женски род
папок
Англиски: navel Албански: kërthizë

пенис повеќе

мн. пениси
Вид збор: Именка, машки род
Машки полов орган.
Англиски: penis Албански: penis

перикард повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Надворешна обвивка на срцевиот мускул.
Англиски: pericardium

песјак повеќе

мн. песјаци
Вид збор: Именка, машки род
кучешки заб
Англиски: eyetooth Албански: dhëmb i syrit

пета повеќе

мн. пети
Вид збор: Именка, женски род
петица
Англиски: heel Албански: thembër

петица повеќе

мн. петици
Вид збор: Именка, женски род
Задниот дел од стапалото.
Англиски: heel Албански: thembër

писка повеќе

мн. писки
Вид збор: Именка, женски род
Коската од коленото до глуждот.
Латински: tibia Англиски: shinbone Албански: kërci, ashti i këmbës

плацента повеќе

мн. плаценти
Вид збор: Именка, женски род
Во анатомијата: последок.
Латински: placenta Англиски: placenta Албански: placentë

плевра повеќе

(едн.) плеврата
Вид збор: Именка, женски род
Мембрана што го обвиткува белиот дроб.
Англиски: pleura

плексус повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Сплет од нервни и крвни садови.
Латински: plexum Англиски: plexus Албански: rrjet
Средишниот дел од стомакот.
Англиски: solar plexus Албански: pleksus

плеќи повеќе

плеќите
Вид збор: Именка, множина
Задниот дел од рамената и горниот дел од грбот.
Англиски: back Албански: supe

плешка повеќе

мн. плешки
Вид збор: Именка, женски род
Коската од рамото со мускулите околу неа.
Англиски: shoulder Албански: sup
Примери:
Сум те бележала во плешката.

плодва повеќе

Вид збор: Именка, женски род
матка, материца
Латински: Uterus Англиски: womb Албански: mitër

подбрада повеќе

Види и: подбрадок (м.)
(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
подбрадок
Англиски: jowl

подбрадок повеќе

мн. подбрадоци
Вид збор: Именка, машки род
Здебелено ткиво под долната вилица.
Англиски: double chin Албански: gushë

подгрлица повеќе

мн. подгрлици
Вид збор: Именка, женски род
Коска што се наоѓа под грлото на птиците.
Албански: ashti nën fytin e shpendëve

подгрлник повеќе

мн. подгрлници
Вид збор: Именка, машки род
Дел од грлото.
Албански: pjesë e qafës

подгрлница повеќе

мн. подгрлници
Вид збор: Именка, женски род
Коска што се наоѓа под грлото на птиците.

подгушен повеќе

подгушниот
Вид збор: Придавка
Што е под гушата.

подгушка повеќе

мн. подгушки
Вид збор: Именка, женски род
подбрадок
Англиски: double chin Албански: gushë

подјазичен повеќе

подјазичниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа под јазикот.
Албански: nëngjuhë

подлактен повеќе

подлактниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа меѓу лактот и дланката на раката.
Албански: nënbryli, parakrahu

подлактница повеќе

мн. подлактници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од раката што се наоѓа под лактот, меѓу дланката и лактот.
Англиски: forearm Албански: nënkrah, nënbryl

подочен повеќе

подочни
Вид збор: Придавка
Што е под окото.
Албански: nënsy

подочници повеќе

подочниците
Вид збор: Именка, множина
Дел од лицето под очите.
Албански: nënsy

подпазувен повеќе

подпазувниот
Вид збор: Придавка
Што се наоѓа под пазувата.

појас повеќе

мн. појаси
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото што го опфаќа папокот вертикално и прави круг.
Англиски: waist Албански: bel

показалец повеќе

мн. показалци
Вид збор: Именка, машки род
Прстот до палецот.
Англиски: forefinger Албански: gisht tregues

полжав повеќе

мн. полжави
Вид збор: Именка, машки род
Дел од внатрешното уво.
Англиски: snail Албански: kërmill

половина повеќе

мн. половини
Вид збор: Именка, женски род
Дел од телото на човекот.
Англиски: back Албански: mesi
Најтесниот дел од трупот меѓу градите и колковите.
Англиски: waist Албански: bel

пора повеќе

мн. пори
Вид збор: Именка, женски род
Мал отвор на потните жлезди по површината на кожата.
Англиски: pore Албански: porë

последок повеќе

мн. последоци
Вид збор: Именка, машки род
постелка, плацента
Англиски: placenta Албански: placentë

постелица повеќе

мн. постелици
Вид збор: Именка, женски род
постелка, плацента
Англиски: placenta Албански: placentë

потколеница повеќе

мн. потколеници
Вид збор: Именка, женски род
Дел од ногата од коленото до скочниот зглоб.
Англиски: lower leg Албански: kërci

прасец повеќе

мн. прасци
Вид збор: Именка, машки род
Месестиот дел на ногата под коленото.

предел повеќе

мн. предели
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото во кој се наоѓа некој орган.
Англиски: part Албански: pjesë

препарат повеќе

мн. препарати
Вид збор: Именка, машки род
Делови на организам подготвени за анатомско истражување.
Англиски: specimen Албански: mostër

преткомора повеќе

мн. преткомори
Вид збор: Именка, женски род
Еден од двата шупливи дела од срцето што се наоѓаат над комората.
Англиски: antechamber Албански: paradhomë

прешлен повеќе

мн. прешлени
Вид збор: Именка, машки род
Секоја коска од рбетниот столб.
Англиски: vertebra Албански: rruazë

прешленски повеќе

Види и: прешлен (м.)
прешленска
Вид збор: Придавка
Што се однесува на прешлен.
Англиски: vertebral Албански: rruaze

простата повеќе

(едн.) простатата
Вид збор: Именка, женски род
Жлезда околу грлото на мочниот меур кај машки цицачи.
Англиски: prostate Албански: prostatë

прст повеќе

мн. прсти
Вид збор: Именка, машки род
Крајните делови на раката или на ногата.
Англиски: finger Албански: gisht

пршлен повеќе

Види и: прешлен (м.)
мн. пршлени
Вид збор: Именка, машки род
Една од прстенестите кости од кои се состои рбетот и во кои е сместен рбетниот мозок.
Англиски: vertebra

пулпа повеќе

мн. пулпи
Вид збор: Именка, женски род
Меко ткиво што ја исполнува внатрешната шуплина и коренските канали на забите.
Латински: pulpa Англиски: pulp Албански: pulpë

пупка повеќе

мн. пупки
Вид збор: Именка, женски род
Дојка, брадавица на цицка.
Англиски: nipple Албански: thith, gji
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш