Анатомија - категорија

лавиринт повеќе

мн. лавиринти
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешниот дел од увото.
Англиски: labyrinth Албански: labirint

лажичка повеќе

мн. лажички
Вид збор: Именка, женски род
Дел под градите од телото на човекот.
Албански: lug

лакот повеќе

мн. лакти
Вид збор: Именка, машки род
Дел од раката, зглоб што ги поврзува подлактицата и надлактицата.
Англиски: elbow Албански: bërryl

лакт повеќе

мн. лакти
Вид збор: Именка, машки род
лакот
Англиски: elbow Албански: bërryl

ларинкс повеќе

Види и: грклан (м.)
мн. ларинкси
Вид збор: Именка, машки род
грклан
Англиски: larynx Албански: laring

лачевина повеќе

Види и: лачи (несв.)
мн. лачевини
Вид збор: Именка, женски род
Материја што ја создава орган или жлезда.
Англиски: secretion

левица повеќе

мн. левици
Вид збор: Именка, женски род
левата рака
Англиски: left hand Албански: e majta

леќа повеќе

мн. леќи
Вид збор: Именка, женски род
Дел од окото што ја прекршува светлината.
Англиски: lens Албански: thjerrë, lente

лигавица повеќе

мн. лигавици
Вид збор: Именка, женски род
Тенка слузеста опна од внатрешната страна на некои органи.
Англиски: slime Албански: jargë, epitel

лигамент повеќе

мн. лигаменти
Вид збор: Именка, машки род
Жилесто сврзно ткиво што ги држи коските во костурот и ги зајакнува зглобовите.
Англиски: ligament Албански: ligament

лимфатичен повеќе

лимфатичниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на лимфа.

лист повеќе

мн. листови
Вид збор: Именка, машки род
Задниот месест (мускулест) дел на ногата што се наоѓа над глуждот.
Англиски: calf Албански: pulpë

лице повеќе

мн. лица
Вид збор: Именка, среден род
Предниот дел од главата на човекот.
Англиски: face Албански: fytyrë

лопатка повеќе

мн. лопатки
Вид збор: Именка, женски род
Една од двете плоската, широки триаголни коски што се наоѓаат во горниот дел од грбот на човекот, а кај животните меѓу вратот и предните нозе.
Латински: Scapula Англиски: bladebone Албански: shpinë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш