Анатомија - категорија

ждрело повеќе

мн. ждрела
Вид збор: Именка, среден род
Просторот меѓу гркланот и хранопроводот, зад носната и усната празнина.
Англиски: throat Албански: fyt

желудник повеќе

мн. желудници
Вид збор: Именка, машки род
Орган за варење на храната, сместен во горниот дел на стомачната празнина кај човекот и кај животните цицачи.
Англиски: stomach Српски: желудац Албански: lukth

желудочен повеќе

Види и: желудник (м.)
желудочниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на желудник.
Албански: lukthi, lukthor

живец повеќе

мн. живци
Вид збор: Именка, машки род
нерв
Англиски: nerve Албански: nerv
Кожичка околу коренот на ноктот.
Албански: kutikull

жила повеќе

мн. жили
Вид збор: Именка, женски род
крвен сад
Англиски: blood vessel Албански: venë
Ткиво што ги поврзува мускулите за коските.
Англиски: sinew Албански: gilcë

жлезда повеќе

мн. жлезди
Вид збор: Именка, женски род
Орган во телото на човекот или на животните што создава и излачува секрет.
Англиски: gland Албански: gjëndër

жлезден повеќе

жлездниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на жлезда.

жолчка повеќе

мн. жолчки
Вид збор: Именка, женски род
Внатрешен орган кај човекот и кај некои животни во вид на меур во кој се слева сокот што го излачува црниот дроб.
Англиски: gall Албански: tëmth

жур повеќе

мн. журови
Вид збор: Именка, машки род
глужд
Англиски: ankle Албански: zbavitje
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш