Анатомија - категорија

вагина повеќе

мн
Вид збор: Именка, женски род
Канал што води од надворешниот дел на женскиот полов орган до матката.
Латински: vagina Англиски: vagina Албански: vaginë

веѓа повеќе

мн. веѓи
Вид збор: Именка, женски род
Со влакна обраснат лак над очната длабнатина.
Англиски: eyebrow Албански: vetullë

вена повеќе

мн. вени
Вид збор: Именка, женски род
Цевчест крвен сад низ кој крвта од организмот се враќа во срцето.
Англиски: vein Албански: venë, dell

венец повеќе

мн. венци
Вид збор: Именка, машки род
Ткиво, непцето околу забите.
Англиски: gums Албански: kurorë

венозен повеќе

венозниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вена.

вентрикула повеќе

мн. вентрикули
Вид збор: Именка, женски род
срцева комора
Англиски: ventricle

вилица повеќе

мн. вилици
Вид збор: Именка, женски род
Челусна коска во која се враснати забите.
Англиски: jaw Албански: nofull
Направа која ги заменува забите, а се поставува на вилицата, вештачки заби.
Англиски: dentures Албански: protezë

виличен повеќе

Види и: вилица (ж.)
виличниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на вилица.
Англиски: jaw Албански: i nofullës

воденик повеќе

воденикот
Вид збор: Именка, машки род
Воден меур што го обвива и штити ембрионот во мајчината утроба.
Англиски: amnion

волна повеќе

мн. волни
Вид збор: Именка, женски род
Густо израснати влакна по некои делови од човечкото тело или на целото тело.
Англиски: hair Албански: lesh

врат повеќе

мн. вратови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото кај човекот и животните што ја поврзува главата со трупот.
Англиски: neck Албански: qafë

вратен повеќе

вратниот
Вид збор: Придавка
Што припаѓа, што се однесува на врат.
Албански: qaforë
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш