Анатомија - категорија

бабуле повеќе

мн. бабулиња
Вид збор: Именка, среден род
Меурот во кој се собира мочта во човековиот организам, мочен меур.
Англиски: bladder Албански: fshikëz

бедрен повеќе

бедрениот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бедро.

бедреница повеќе

мн. бедреници
Вид збор: Именка, женски род
Една од трите карлични коски во која е вглавена бедрената коска.
Англиски: thighbone Албански: kërdhokull

бедро повеќе

мн. бедра
Вид збор: Именка, среден род
Надворешниот горен дел од бутот од коленото до трупот.
Англиски: hip

бешика повеќе

бешиката
Вид збор: Именка, женски род
Мочен меур; дел на телото под појасот.
Англиски: bladder Турски: beşik Српски: бешика Албански: fshikëz

бицепс повеќе

мн. бицепси
Вид збор: Именка, машки род
Мускул на горниот дел на раката.
Латински: Musculus biceps brachii Англиски: biceps Албански: biceps

боска повеќе

мн. боски
Вид збор: Именка, женски род
Млечна жлезда, дојка, града, цицка кај жена.
Англиски: breast Албански: gji, sisë

брада повеќе

мн. бради
Вид збор: Именка, женски род
Дел од лицето под устата.
Англиски: chin Албански: mjekër

брадавица повеќе

мн. брадавици
Вид збор: Именка, женски род
врв на дојка
Англиски: nipple Албански: thithë

бронхии повеќе

бронхија
Вид збор: Именка, множина
Душници, гранчиња од душник составени од рскавичави прстени меѓусебно поврзани со сврзливо ткиво и мускули.
Латински: bronchia Англиски: bronchi Албански: bronke

бубрег повеќе

мн. бубрези
Вид збор: Именка, машки род
Еден од двата органи од системот за излачување урина.
Англиски: kidney Турски: böbrek Албански: veshkë

бубрежен повеќе

бубрежни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бубрег.

бут повеќе

мн. бутови
Вид збор: Именка, машки род
Дел од телото на човекот, од коленото до колковите.
Англиски: thigh Турски: but Албански: kofshë

бутен повеќе

бутниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на бут.

бутина повеќе

мн. бутини
Вид збор: Именка, женски род
бедро, колк
Англиски: hip Албански: kërdhokëll
а - б - в - г - д - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - џ - ш