Административен термин - категорија

уверение повеќе

мн. уверенија
Вид збор: Именка, среден род
Како документ - званична потврда за нешто.
Англиски: attestation Албански: certifikatë
Примери:
Лекарско уверение.

УЗП повеќе

Вид збор: Скратеница
Уписник за заверки и потврди
Англиски: certificate scroll

указ повеќе

мн. укази
Вид збор: Именка, машки род
Писмена наредба што има законска сила.
Англиски: decree

укнижи повеќе

Вид збор: Глагол, свршен
Внесе во книги, зарегистрира.
Англиски: book

умреница повеќе

мн. умреници
Вид збор: Именка, женски род
Официјален документ со кој се потврдува нечија смрт.
Англиски: death certificate

унапредување повеќе

(едн.) унапредувањето
Вид збор: Именка, среден род
Поставање на повисока положба во службата.
Англиски: advancement Албански: avancim

унија повеќе

мн. унии
Вид збор: Именка, женски род
обединение, сојуз
Англиски: union Албански: bashkim
Примери:
Европска унија

уписнина повеќе

уписнината
Вид збор: Именка, женски род
уписна такса
Англиски: registration fee

уписница повеќе

мн. уписници
Вид збор: Именка, женски род
Формулар за запишување, за упис.
Англиски: registration form

уплатница повеќе

мн. уплатници
Вид збор: Именка, женски род
формулар за уплатување
Англиски: payment form

управа повеќе

(едн.) управата
Вид збор: Именка, женски род
Раководство, власт што раководи и управува.
Англиски: administration Албански: administratë

управен повеќе

управни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на управа односно управување.
Англиски: managing Албански: drejtues
Примери:
управни органи

управник повеќе

мн. управници
Вид збор: Именка, машки род
Раководител на установа, претпријатие и сл.
Англиски: director

управувач повеќе

мн. управувачи
Вид збор: Именка, машки род
Оној што ја води управата.
Англиски: manager Албански: menaxher, drejtor

установа повеќе

мн. установи
Вид збор: Именка, женски род
Определена службена единица.
Англиски: institution
Примери:
Државна установа.

утаи повеќе

утаат
Вид збор: Глагол, свршен
прикрие, скрие
Англиски: evade Албански: fsheh
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш