Административен термин - категорија

самоуправа повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Право на некоја организација да ги решава сама прашањата на својата внатрешна управа.
Англиски: self-government Албански: vetëqeverisje
Примери:
Локална самоуправа.

самоуправува повеќе

(се) самоуправуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се управува сам, без туѓо мешање.
Англиски: self-administrate
Примери:
Секоја локална заедница ќе се самоуправува.

санџак повеќе

мн. санџаци
Вид збор: Именка, машки род
Административна единица за време на турското владеење.
Англиски: district Турски: sancak

секретар повеќе

мн. секретари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што се грижи за дневната работа на една организација.
Англиски: secretary Албански: sekretar
Лице што го води записникот на некое собрание.
Англиски: keeper of the minutes
Избран раководител на некоја општествена организација.
Англиски: secretary
Лице што ја води организационо-извршната работа на весник, научна установа и сл.
Англиски: secretary

секретаријат повеќе

(едн.) секретаријатот
Вид збор: Именка, машки род
Оддел на некоја установа, органхзација и сл. што служи за водење на тековната работа од организационен карактер.
Англиски: secretary's office Албански: sekretatriat
Примери:
Секретаријатот на факултетот.
Лица што се избираат на собранија, советувања, конференции за водење на записник.
Албански: sekretariat
Примери:
Секретаријат на конференцијата.

сектор повеќе

мн. сектори
Вид збор: Именка, машки род
Оддел на установа или организација со определена специјализација.
Англиски: sector Албански: sektor

сенат повеќе

(едн.) сенатот
Вид збор: Именка, машки род
Во многу земји - горниот дом на парламентот.
Англиски: senat Албански: senat

сениор повеќе

мн. сениори
Вид збор: Именка, машки род
претпоставен старешина
Англиски: senior Албански: i moshuar

сертификат повеќе

мн. сертификати
Вид збор: Именка, машки род
Службена потврда дека еден документ е веродостоен и автентичен.
Англиски: certificate Албански: certifikatë, vërtetim

сертифицира повеќе

сертифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Потврди веродостојност или автентичност.
Англиски: certify

сесија повеќе

мн. сесии
Вид збор: Именка, женски род
Заседанија на различни претставнички органи што се повторуваат периодично а исто така и периодот на таквите заседанија.
Англиски: session Албански: sesion
Примери:
Редовна сесија на Собранието.

служба повеќе

мн. служби
Вид збор: Именка, женски род
Оддел, сектор на некоја установа, организација; оддел на производството.
Англиски: service Албански: shërbim

службеник повеќе

мн. службеници
Вид збор: Именка, машки род
Вработен во јавната администрација.
Англиски: public servant Албански: nëpunës publik
Примери:
службеници на републичките установи

смена повеќе

мн. смени
Вид збор: Именка, женски род
Група луѓе што заменуваат друга група по определено време.
Англиски: shift Албански: ndërrim

смртовница повеќе

мн. смртовници
Вид збор: Именка, женски род
Официјално уверение за смртта на некого.
Англиски: death certificate

собор повеќе

Види и: собир (м.)
мн. собори
Вид збор: Именка, машки род
Назив на некои органи на собранието.
Албански: kuvend
Примери:
Просветно - културен собор.

собрание повеќе

мн. собранија
Вид збор: Именка, среден род
Општо заседание на членови на некоја организација, колектив за разгледување извесни прашања; учесниците на такво заседание.
Англиски: assembly Албански: kuvend
Назив на некои органи на државната управа; највисок изборен законодавен орган на државната власт.
Англиски: parliament Албански: parlament

совет повеќе

мн. совети
Вид збор: Именка, машки род
Заедничко разгледување на некои прашања, советување.
Англиски: council Албански: këshill
Учесниците на советување.
Англиски: council Албански: këshill
Орган при некоја организација, установа и сл.
Англиски: council Албански: këshill
Назив на некои органи на државната управа.
Англиски: council Албански: këshill

советник повеќе

мн. советници
Вид збор: Именка, машки род
Член на некој совет.
Англиски: assemblyman Албански: këshilltar
Примери:
Советник на градското собрание.

советодавен повеќе

советодавна
Вид збор: Придавка
Кој дава совети.
Англиски: advisory
Примери:
Советодавен орган.

советодавец повеќе

мн. советодавци
Вид збор: Именка, машки род
Лице што само дава совети без да донесува решенија.
Англиски: advisor

советски повеќе

советска
Вид збор: Придавка
Кој се однесува на совет.

спецификација повеќе

мн. спецификации
Вид збор: Именка, женски род
Документ што содржи опис на деловите и подробностите на некој производ и сл.
Англиски: specification Албански: specifikim
Примери:
Спецификација на апаратот.

спис повеќе

мн. списи
Вид збор: Именка, машки род
Напишано дело, исправа.
Англиски: document
Примери:
Во неговите списи.

список повеќе

мн. списоци
Вид збор: Именка, машки род
Листа, попис на имиња, предмети, поими.
Англиски: list

сроковник повеќе

мн. сроковници
Вид збор: Именка, машки род
Во администрацијата - книга за одбележување на сроковите.
Англиски: calendar, organizer

ставка повеќе

мн. ставки
Вид збор: Именка, женски род
Оддел во печатен текст.
Примери:
тарифна ставка

странка повеќе

мн. странки
Вид збор: Именка, женски род
Административен поим за клиент.
Англиски: client Албански: palë, klient
Примери:
Странки не се примаат.

супервизор повеќе

мн. супервизори
Вид збор: Именка, машки род
надзорник
Англиски: supervisor

суперкомисија повеќе

мн. суперкомисии
Вид збор: Именка, женски род
Комисија од највисок ранг, што има најголеми надлежности.

суспендира повеќе

суспендираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Привремено отстрани, отстранува од служба, од организација, клуб; одложи, одлага дејството на нешто за извесно време.
Англиски: suspend

суспензија повеќе

мн. суспензии
Вид збор: Именка, женски род
Привремено отстранување од служба, организација, клуб; одлагање на дејството на нешто за извесно време.
Англиски: suspension
Примери:
Автоматска суспензија.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш