Административен термин - категорија

објава повеќе

мн. објави
Вид збор: Именка, женски род
Писмен документ што служи како легитимација.
Албански: fletë udhëtimi

област повеќе

мн. области
Вид збор: Именка, женски род
Поголема административно-територијална и управна единица.
Англиски: district Албански: qark

областен повеќе

обласни
Вид збор: Придавка
Што се однесува на област.
Англиски: regional

овери повеќе

Види и: завери (св.)
оверат
Вид збор: Глагол, свршен
завери
Англиски: validate

оверувач повеќе

мн. оверувачи
Вид збор: Именка, машки род
заверувач

овластување повеќе

мн. овластувања
Вид збор: Именка, среден род
Писмена потврда, документ со кој на некого се пренесува правото во името на некого да извршува некоја работа; полномоштво.
Англиски: authorization Албански: autorizim

огранок повеќе

мн. ограноци
Вид збор: Именка, машки род
Помала организациска единица, понизок дел од организација, партија и сл.
Англиски: branch

одбор повеќе

мн. одбори
Вид збор: Именка, машки род
Група од избрани или именувани лица која претставува некој орган на власта или правно тело со определени задолженија.
Англиски: committee Албански: këshilltar

одделение повеќе

мн. одделенија
Вид збор: Именка, среден род
Составен дел од организација, институција, установа.
Англиски: department Албански: njësi

одлука повеќе

мн. одлуки
Вид збор: Именка, женски род
административно решение
Англиски: decree

одредница повеќе

мн. одредници
Вид збор: Именка, женски род
Име, збор или израз, носител на поим што битно ја одредува неговата смисла и место каде што ќе се најде во некоја целина (картотека, индекс, регистар, речник).
Англиски: guideline Албански: direktivë, porosi

околија повеќе

мн. околии
Вид збор: Именка, женски род
Поголема административна единица којашто опфаќа повеќе помали единици (општини, места, села).
Англиски: district Албански: rreth, qark

околиски повеќе

околискиот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на околија.

округ повеќе

мн. окрузи
Вид збор: Именка, машки род
Поголема административна територијална единица.
Англиски: district

окружен повеќе

окружниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на округ.

оператива повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Извршна органи или поединци задолжени за практично извршување на задачите.
Англиски: operations

оперативен повеќе

оперативниот
Вид збор: Придавка
Што подлежи на извршување, што е определен за практично извршување.
Англиски: operational Албански: operativ

општина повеќе

мн. општини
Вид збор: Именка, женски род
Територијална административна единица.
Англиски: municipality Албански: komunë

општинар повеќе

мн. општинари
Вид збор: Именка, машки род
Службеник во општина.

орган повеќе

мн. органи
Вид збор: Именка, машки род
Установа со определени функции или лице вработено во неа како нејзин извршител.
Англиски: organ Албански: organ

организатор повеќе

мн. организатори
Вид збор: Именка, машки род
Лице што организира нешто, што е задолжено за организирање на некоја работа.
Англиски: organizer Албански: organizator

организација повеќе

мн. организации
Вид збор: Именка, женски род
(едн.) Систем, начин на спроведување на некои активности.
Англиски: organization Албански: organizatë

отпише повеќе

отпишат
Вид збор: Глагол, свршен
Избрише, пречкрта некого од списокот, од некаква заедница.
Англиски: sign off Албански: fshi, çlajmëroj

отпусница повеќе

мн. отпусници
Вид збор: Именка, женски род
Документ, отпусен лист, со кој се потврдува отпуштање од болница, војска, затвор итн.
Англиски: discharge papers

отсек повеќе

мн. отсеци
Вид збор: Именка, машки род
Внатрешна организациска единица во едно одделение на некоја установа, управен орган или сл.
Англиски: department Албански: repart
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш