Административен термин - категорија

над повеќе

Вид збор: Префикс
(нат- пред безвучна согласка). Кај именските зборови означува - лице или институција од повисок ранг во однос на означеното во основата.
Англиски: over

надзор повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Службен орган, лице или група лица што вршат надзирање.
Англиски: inspection Албански: inspeksion

надзорен повеќе

надзорниот
Вид збор: Придавка
Што се однесува на надзор, што врши надзор.
Англиски: supervisory

надзорник повеќе

мн. надзорници
Вид збор: Именка, машки род
Степен, звање во службеничката хиерархија.
Англиски: superior Албански: mbikqyrës

надлежен повеќе

надлежни
Вид збор: Придавка
Што има право на дејствување и решавање во административна работа и др.
Англиски: competent Албански: kompetent

наименува повеќе

наименуваат
Вид збор: Глагол, свршен
Постави некого на некоја должност, на некое место во определена хиерархија (во државна, црковна служба).
Англиски: appoint

намет повеќе

мн. намети
Вид збор: Именка, машки род
Тоа што е наметнато, наложено; парична давачка.
Англиски: duty Албански: tatim, taksë

нахија повеќе

мн. нахии
Вид збор: Именка, женски род
Административна област во Отоманското Царство.
Англиски: district Турски: nahiye

началник повеќе

мн. началници
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што раководи некаква служба.
Англиски: head Албански: shef, drejtues

началство повеќе

мн. началства
Вид збор: Именка, среден род
Установа, седиште на некоја власт.
Англиски: seat

началствува повеќе

началствуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Управува во должност на началник, е началник.
Англиски: boss

незаверен повеќе

незаверениот
Вид збор: Придавка
Што не е заверен, што не е потврден од надлежен орган.

непотврден повеќе

непотврдениот
Вид збор: Придавка
Незаверен од овластено лице или служба.
Англиски: uncertified

неревидиран повеќе

Види и: ревидира (св. и несв.)
неревидираниот
Вид збор: Придавка
Што не е ревидиран.
Англиски: unrevised

нострификација повеќе

мн. нострификации
Вид збор: Именка, женски род
Признавање на валидност на документ.
Англиски: nostrification

нострифицира повеќе

нострифицираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Признава валидност на документ.
Англиски: nostrificate
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш