Административен термин - категорија

каза повеќе

мн. кази
Вид збор: Именка, женски род
Административно-управна единица во Отоманска Турција.
Англиски: district Турски: kaza

кајмакам повеќе

мн. кајмаками
Вид збор: Именка, машки род
Застапник на везирот или валијата во некоја околија; управител на околија, каза.
Англиски: mayor Турски: kaymakam

кајмакамство повеќе

Вид збор: Именка, среден род
Територијална единица со која управува кајмакамот; објектот, седиштето на кајмакамот.
Англиски: mayor's office Турски: kaymakamlık

кантон повеќе

мн. кантони
Вид збор: Именка, машки род
Мала административно-територијална единица, околија.
Англиски: canton Албански: kanton

кантонизира повеќе

Види и: кантон (м.)
кантонизираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Дели на кантони.

канцелар повеќе

мн. канцелари
Вид збор: Именка, машки род
Највисок дворски чиновник, личен секретар на кралот.
Англиски: chancellor Германски: Kanzler Албански: kancelar
Личен секретар на високи државни функционери, советник; шеф, секретар на некоја административна или територијална државна установа; шеф на канцеларија.
Англиски: chancellor Германски: Kanzler Албански: zyrtar i lartë

канцеларија повеќе

мн. канцеларии
Вид збор: Именка, женски род
Седиште на некоја, обично локална управа, власт, организација и сл.
Англиски: office Албански: seli, zyrë
Орган на таква управа, власт.
Англиски: office Албански: zyrë

карактеристика повеќе

мн. карактеристики
Вид збор: Именка, женски род
Документ или нечија изјава за интелектуални, работни, стручни и морални квалитети, општествено-политичка ангажираност на некое лице (ученик, работник).
Англиски: profile Албански: profil

картичка повеќе

мн. картички
Вид збор: Именка, женски род
Посебно изработен документ со лични податоци и други ознаки што служи за утврдување идентитет, евидентирање, за кредитни плаќања итн.
Англиски: credit card Албански: kartelë

картотека повеќе

мн. картотеки
Вид збор: Именка, женски род
Збирка на систематизирани и по азбучен ред подредени картони со оcновни податоци за предметите од некоја збирка, за книги во библиотека и сл.
Англиски: card index Албански: kartotekë
Место каде што се чува ваква збирка од картони.
Англиски: file Албански: kartotekë

картотекар повеќе

мн. картотекари
Вид збор: Именка, машки род
Лице што работи во картотека.

квестионар повеќе

мн. квестионари
Вид збор: Именка, машки род
Збир од прашања или прашања и одговори од различни области.
Англиски: questionnaire

кворум повеќе

(едн.) кворумот
Вид збор: Именка, машки род
Минимален број на членови на некое тело, организација, чие присуство на седница, собир е неопходно за донесување на полноважни одлуки, заклучоци.
Англиски: quorum

квота повеќе

мн. квоти
Вид збор: Именка, женски род
Однапред утврден, ограничен број на нешто воопшто.
Англиски: quota Албански: kuotë

класа повеќе

мн. класи
Вид збор: Именка, женски род
Степен на напредување во службата.
Англиски: class Албански: klasë

класифициран повеќе

Види и: класифицира (св. и несв.)
класифицираниот
Вид збор: Придавка
таен, доверлив
Англиски: classified

клаузула повеќе

мн. клаузили
Вид збор: Именка, женски род
Забелешка, напомена (во некој документ, акт).
Англиски: clause Албански: klauzolë

кмет повеќе

мн. кметови
Вид збор: Именка, машки род
селски старешина
Англиски: mayor

книговодство повеќе

мн. книговодства
Вид збор: Именка, среден род
Организационен оддел што врши книговодство.
Англиски: bookkeeping Албански: kontabilitet

книшка повеќе

мн. книшки
Вид збор: Именка, женски род
Службен документ во вид на мала книга со печатен текст и простор во кој се внесуваат определени податоци.
Англиски: passbook Албански: librezë

комесаријат повеќе

мн. комесаријати
Вид збор: Именка, машки род
Власт, дејност и седиште или канцеларија на комесарот.
Англиски: commissariat

комитет повеќе

мн. комитети
Вид збор: Именка, машки род
Избрано раководно тело на партија.
Англиски: committee Албански: komitet
Одбор во различни организации, институции, заедници.
Англиски: board Албански: bord

комуна повеќе

мн. комуни
Вид збор: Именка, женски род
Административно-територијална единица од градски или селски тип.
Англиски: municipality Албански: komunë

конак повеќе

мн. конаци
Вид збор: Именка, машки род
Седиште на управата во турско време.
Англиски: administration Турски: konak Албански: selia e administratës në kohën turke

контрола повеќе

мн. контроли
Вид збор: Именка, женски род
Установа што врши надзор, проверка на нешто.
Англиски: control

конфедерација повеќе

мн. конфедерации
Вид збор: Именка, женски род
Заедница на некои организации.
Англиски: confederation Албански: konfederat

кооптација повеќе

мн. кооптации
Вид збор: Именка, женски род
Дополнување на составот на некој орган со нови членови без спроведување избори.
Англиски: cooptation

кооптира повеќе

кооптираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Изврши, врши кооптација.
Англиски: coopt

копија повеќе

мн. копии
Вид збор: Именка, женски род
Точен препис на некој текст или документ.
Англиски: copy Албански: kopje

курија повеќе

мн. курии
Вид збор: Именка, женски род
Изборни групи во некои изборни системи.
Албански: kurie, grupe zgjedhore

курикулум повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
лична биографија
Латински: curriculum Англиски: curriculum
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш