Административен термин - категорија

извршител повеќе

мн. извршители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што извршува одредена работа.
Англиски: executor Албански: zbatues

изгласа повеќе

Види и: гласа (несв.)
изгласаат
Вид збор: Глагол, свршен
Изврши гласање.
Англиски: vote

издаде повеќе

издадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде документ, снабди, обезбеди со документ.
Англиски: issue Албански: lëshoj

именува повеќе

именуваат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Постави, поставува на должност, функција, произведе, произведува во чин, звање и сл.
Англиски: appoint Албански: caktoj

ИМКР повеќе

Вид збор: Скратеница
Извод од матична книга на родени.
Англиски: birth certificate

ингеренција повеќе

мн. ингеренции
Вид збор: Именка, женски род
Влијание, надзор над нешто; посредување, учество во некоја работа.
Англиски: competence

инспектор повеќе

мн. инспектори
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице што врши инспекција.
Англиски: inspector

инспекција повеќе

мн. инспекции
Вид збор: Именка, женски род
Службен орган што врши контрола, што надгледува.
Англиски: inspection Албански: inspektim

инстанца повеќе

мн. инстанци
Вид збор: Именка, женски род
Секој одделен степен во државната управа, во судската или во административната хиерархија со посебна организираност, надлежност и овластување.
Англиски: instance

институција повеќе

мн. институции
Вид збор: Именка, женски род
Установа, завод, орган на власта, научен или образовен центар.
Англиски: institution Албански: institucion

институционализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Претворање во институција.
Англиски: institutionalization

институционализира повеќе

(се) институционализираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Направи, прави нешто да добие облик на институција, да стане во правна смисла призната институција.
Англиски: institutionalize

инструмент повеќе

мн. инструменти
Вид збор: Именка, машки род
Документ или пропис што има правно дејство.
Англиски: act Албански: akt

ираде повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
султанов декрет
Англиски: decree Турски: irade

исписница повеќе

мн. исписници
Вид збор: Именка, женски род
потврда за испис

исправа повеќе

мн. исправи
Вид збор: Именка, женски род
Документ во кој се внесени определени податоци.
Англиски: document
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш