Административен термин - категорија

датира повеќе

датираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Стави, става датум на писмо, акт и сл.
Англиски: date Албански: datë

декларација повеќе

мн. декларации
Вид збор: Именка, женски род
Писмена пријава, изјава со податоци за определена стока, пратка и сл.
Англиски: declaration Албански: deklaratë

декларира повеќе

декларираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Означи, означува, пријави, пријавува нешто во декларација
Англиски: report Албански: raportoj

декрет повеќе

мн. декрети
Вид збор: Именка, машки род
Писмена наредба, одлука или указ што има законска сила.
Англиски: order Албански: dekret
Решение за наименување или за разрешување.
Англиски: decree Албански: dekret

деловник повеќе

мн. деловници
Вид збор: Именка, машки род
Збир прописи за начинот на водење на работата (на седница на собрание, на комисија).
Англиски: procedure Албански: rregullore

деловодител повеќе

мн. деловодители
Вид збор: Именка, машки род
Лице што води службени книги и документи.
Англиски: secretary

демисионира повеќе

демисионираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Отпушти, отпушта од служба.
Англиски: dismiss Албански: demisionoj

децентрализација повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Систем на управување во кој еден дел од функциите на централните органи се пренесуваат на пониските органи.
Англиски: decentralization Албански: decentralizim

диван повеќе

мн. дивани
Вид збор: Именка, машки род
Турски царски совет, турска влада.
Англиски: divan Албански: divan, këshill
Примери:
Ферман што го испрати царскиот диван.

директорат повеќе

мн. директорати
Вид збор: Именка, машки род
Административно тело под водство на директор.
Англиски: directorship

диспозитив повеќе

мн. диспозитиви
Вид збор: Именка, машки род
Дел од решение или пресуда што содржи одлука.
Англиски: decision

дистрикт повеќе

мн. дистрикти
Вид збор: Именка, машки род
Управна единица во некои земји.
Англиски: district Албански: distrikt

додавка повеќе

мн. додавки
Вид збор: Именка, женски род
Тоа што е дополнително додадено кон главното.
Англиски: addendum

документ повеќе

мн. документи
Вид збор: Именка, машки род
Официјално издаден текст со определени податоци што може да послужи како доказ или потврда за нешто.
Англиски: document Албански: dokument

дом повеќе

мн. домови
Вид збор: Именка, машки род
Установа, управа за некоја општествена потреба и зградата во која е сместена.
Англиски: house Албански: institucion
Едно од двете тела што го сочинуваат собранието во некои земји.
Англиски: house Албански: dhomë

доносител повеќе

мн. доносители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што, според прописите и според определена постапка, донесува, поднесува нешто (чек, документ).
Англиски: submitter Албански: bartës

дотичен повеќе

дотичниот
Вид збор: Придавка
Тој што е наведен, за кого се збори, именуван.
Англиски: respective

држава повеќе

мн. држави
Вид збор: Именка, женски род
Политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница со свои органи за остварување на законодавната, извршната и судската власт, организирана на определена територија.
Англиски: state Албански: shtet
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш