Административен термин - категорија

генералии повеќе

Вид збор: Именка, множина
Општи, лични податоци (име, датум, место на раѓање).

гореименуван повеќе

гореименуваните
Вид збор: Придавка
Што е претходно именуван.
Англиски: above-named

горенаведен повеќе

горенаведени
Вид збор: Придавка
Што е претходно наведен.
Англиски: aforesaid

граѓанин повеќе

мн. граѓани
Вид збор: Именка, машки род
Жител, државјанин на една држава.
Англиски: citizen Албански: shtetas

граница повеќе

мн. граници
Вид збор: Именка, женски род
Линија што разделува држави, области и сл.
Англиски: border Албански: kufi

гремиум повеќе

мн. гремиуми
Вид збор: Именка, машки род
Група од компетентни луѓе формирани за решавање одредена задача; стручно тело.
Англиски: body of experts Германски: Gremium

губернатор повеќе

мн. губернатори
Вид збор: Именка, машки род
управник на губернија
Англиски: governor

гувернер повеќе

мн. гувернери
Вид збор: Именка, машки род
Управник на област, колонија или земја.
Англиски: governor Албански: guvernator
Врвен управник на некоја установа.
Англиски: director Албански: guvernator, drejtor
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш