Административен термин - категорија

везир повеќе

мн. везири
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен достоинственик во Отоманската Империја, носител на граѓанска и воена власт, министер.
Англиски: vizier Турски: vezir

вицепремиер повеќе

мн. вицепремиери
Вид збор: Именка, машки род
заменик на премиерот
Англиски: deputy prime minister

вложи повеќе

вложат
Вид збор: Глагол, свршен
Подаде, поднесок до некој управен или друг орган.
Англиски: raise Албански: ngre

вонканцелариски повеќе

вонканцеларискиот
Вид збор: Придавка
Што не произлегува, не се однесува на работењето во канцеларија.

врв повеќе

мн. врвови
Вид збор: Именка, машки род
Највисока положба, степен во некоја хиерархија.
Англиски: top Албански: majë

вршител повеќе

мн. вршители
Вид збор: Именка, машки род
Тој што врши некаква работа; тој што врши некоја должност.
Англиски: officer
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш