та
Необработен текст
та сврз. 1. (при сврзување на глаголи со последователност на дејствата) едно пиле идеше та му велеше; седнала та непрестајно плакала; и направиле три крстови, та го распнале. 2. (со последично значење) ѓаволот влезе во неа, та се свампири; беше болен некое време, та му остана работата недовршена. 3. (за спротивставување и сопоставување) додека бев млад тоа не го сторив, та сега ли ќе го сторам; виде не виде Јанкула, та и кажа на жена си. 4. (при засилување со сродно дејство, плеонастично со дури) та дури; ќе ми плати, та дури ќе ми преплати. 5. (со да - за цел) та да; дојди ти кај нас, та да видиш што е тоа убавина. 6. та... та...; та ова, та она.
